Вкупно 17 луѓе се повредени во денешниот руски напад со дронови врз Харков, објави на Телеграм шефот на воено-административната област Олег Синегубов.
– Седумнаесет жртви во овој момент. Во Шевченковскиот округ – 12 жртви, од кои две се деца. Во Слобидско – пет жртви, од кои едно е дете. Сите специјализирани служби работат на терен, посочи Синегубов.
Тој додаде дека при рускиот напад гаѓани се цивилни згради.
Воздушна тревога е прогласена и во Киев и други украински региони поради закана од напади со руски беспилотни летала.