Мал авион со тројца патници се урнал денеска во близина на фудбалскиот терен во населбата Ганчани во Белтинци, источна Словенија, соопшти полициската управа Мурска Собота. Според првичните информации, нема преживеани во несреќата, пренесува СТА.
Несреќата се случила околу 12 часот. Медиумите јавуваат дека авионот што урнал е „цесна“ на аеро-клубот Марибор. Во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило.
Авионот требало да лета на релација од Марибор до Лендава (Прекмурје), а како веројатна причина за падот се споменува густата магла во тој дел на Словенија.