Наместо реформи, на сцена е „робусна ација“ за да се задоволат политичките интереси на една партија

Кога ВМРО ДПМНЕ доаѓаше на власт вети сериозни реформи во судскиот систем кои очегледно не успева да ги направи. Но очигледно ниту самите тие немаа јасна претстава како тоа треба да се изведе, па откако ја преземаа власта единствено што им падна на ум беше да се укинат „озлогласените“ Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Од она што сега се случува како „план“ или како „робусна акција“, во која јавноста помисли дека ќе се апсат судии и обвиннители, всушност се претвори во персонален  атак на првите луѓе на Судскиот совет и на Државниот обвинител.

Оттаму  станува јасно и нескриено дека тоа е само предигра по која ќе следи почеток на прогонот на функционерите од поранешната власт, за кои и е наменета „робусната акција“.

Но, за тоа се потребни докази, а не „соодветни“ и „здрави“ кадри кои лесно ќе ги потпишат налозите за покренување обвиненија.

Акцијата почна со најавата на премиерот Мицкоски дека од понеделник ќе почне да се спроведува „планот“.

Така и бидна. Во понеделникот, претседателлката на Судскиот Совет, Весна Дамева си поднесе оставка.

Дали Мицкоски знаеше дека таа оставката веќе ја има напишано, па така сигурно го најави планот за расчистување со оние кои имаат „здравствени проблемии и оние кои добиле“? Ако знаел, како ја дознал таа информација? Или можеби тој веќе и „препорачал“ да го стори тоа, а таа му потврдиле дека откако размислила, сфатила дека тоа е најдоброто за неа (и за Македонија се разбира). Ова секако ќе остане непознаница, но коинциденцијата е голема меѓу најавата на премиерот со оставката на Дамева.

Дамева во оваа прилика, токму кога поднесуваше оставка, одеднаш „се отвори“ пред јавноста и проговори за политички притисоци од страна на власта.

Како и да е, претседателката на Судскиот Совет упати сериозни обвинувања кон Владата и кон премиерот:

-Претседателот на Владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници. Заради заштита на угледот на Судскиот совет и во насока на законито постапување, јавно го повикувам Претседателот на Владата на Република Северна Македонија да ги достави доказите веднаш до ОЈО или во спротивно сметам дека треба јавно да се извини на Советот“, рече Дамева.

Премиерот, наместо да приложи докази или извинување, најави „робусна акција“ во која прва настрада токму Дамева.

Ако се има предвид дека Весна Дамева од собраниска говорница искажа незадоволство од буџетот, во кој како што рече, се скратени финансиите во судскиот систем и немањето согласност за нови вработувања, „мирисаше“ дека и одѕвонило времето како претседателка на Судскиот совет.

Она што можело да биде најслабата карика во кариерата на Весна Дамева и заради што „некој“ можеби ја потсетил за да ја забрза оставката е нејзината инволвираност во судските спорови на нејзиниот сопруг. Остана индикативно нејзиното учество во работата на две комисии, каде се рангирале судии од пониски во повисоки судови и каде се барало одговорност за еден судија.

Според дел од членовите на советот спорно е тоа што токму тие судии биле дел од судечки совет во процеси каде бил инволвиран нејзиниот сопруг Младен Дамев, инаку директор на претпријатието „Скопски Пазар“, кое е оштетна странка, но и како тужител во различни судски процеси.

Дамева се правдаше дека немала конфликт на интереси затоа што како што рече „Дома не разговараме за службени работи“!!!!.

Дали сето ова беше доволно за смената на Дамева, знае само таа самата. Па сепак индикативна е изјавата во ккоја вели: „После сè, особено после оние директни закани од страна на пратеник во Собранието, нема да ме изненади дека тука нема да се запре и убедена сум дека нема да имам мир. Само ќе останам љубопитна да видам на кој начин и преку која институција ќе се спроведе тоа. Тоа ќе го издржам, но нема да можам да издржам ако се посегне по безбедноста и сигурноста на моето семејство, мојата ќерка и мојот сопруг“,  изјави Дамева.

Втор на удар се најде Државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој беше брутално атакуван дека не ги гони криминалците од претходната власт.

Од партијата посочуваат дека Љупчо Коцевски веќе шест месеци не покренал ниту едно обвинение, и го обвинуваат за заштита на лица блиски до владејачките партии СДСМ и ДУИ.

„Коцевски не само што не постапува, туку отворено ги штити криминалците од редовите на СДСМ и ДУИ.

Заканите дадоа инстант резултат. Коцевски наложил итно да се решаваат „коруптивните предмети“. Државниот јавен обвинител донел задолжително упатство со кое се задолжуваат сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес.

Но од Владата е дадена и директива кои предмети имаат приоритет за кои тврдат дека обвинителството не постапува. Тоа се: скандалот „Онкологија,“ злоупотребите во Јавното претпријатие за државни патишта, сомнителните активности во Државната лотарија, криминалите поврзани со ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, нерегуларности при купување земјиште долж трасата за автопатот Скопје – Блаце.

„Докази за овие случаи постојат, но Коцевски и Јавното обвинителство со прст не мрднаа за да отворат предмети или да започнат постапка,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму и очегледната нервоза во последните неколку изјави на премиерот Христијан Мицкоски, од непостапувањето на судско обвинителскиот систем во гонење на функционери од претходната власт, нешто што го најавува уште од времето на предизборната кампања кога секојдневно, тој и раководството на ВМРО ДПМНЕ ја обвинуваа тогашната власт за криминал и корупција.

И не само ВМРО ДПМНЕ, туку целата јавност која им ја даде довербата на изборите, очекуваше Мицкоски да ги исполни ветувањата и оние кои ги обвинуваше за  злоупотреба на  власта и за незаконско богатење, да се најдат пред лицето на правдата.

Не е спорно Обвинителството да постапува по сè за што има основани сомневања дека има кривично дело, но тоа не смее да работи под диктат за да се задоволат политичките интереси на една партија.

Впрочем кога ВМРО ДПМНЕ доаѓаше на власт вети сериозни реформи во судскиот систем кои очегледно не успева да ги направи.

Но очигледно ниту самите тие немаа јасна претстава како тоа треба да се изведе, па откако ја преземаа власта единствено што им падна на ум беше да се укинат „озлогласените“ Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Тоа наиде на отпор кај фелата, е не наиде на подршка ниту кај меѓународната заедница, па „проектот“ заглави. Која беше алтернативата на укинувањето на овие два независни органи на третата власт,  остана енигма.

„Робусната акција“ сигурно не смее да биде тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен