Социјалните работници од Кавадарци денеска дадоа поддршка на нападната колешка од Прилеп.
„Членовите на Синдикатот на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кавадарци денеска еден час ја прекина својата работа солидаризирајќи се со другите вработени од државата, во знак на жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп, каде врз наша колешка беше извршен обид за убиство“, беше кажано на собирот.
Притоа беше укажано дека ова не е прв немил настан од ваков тип, од причина што социјалните работници се мета на насилство и говор на омраза од несовесни корисници.
„Да напоменеме дека и покрај прекинот на работата, сите служби на МЦСР Кавадарци работеа без застој, а корисницџите беа навремени услужени“, беше посочено на собирот.