Нарко бос од Македонија уапсен во Женева

Како што објавува blick.ch. наркобос од Македонија е уапсен на аеродромот во Женева и потоа екстрадиран во Австрија. Идентитетот не се објавува но станува збор за 30 годишен маж кој е баран по потерница од ЕУ распишана 2022 година. Во Швахјцарија доѓол од Приштина.

Како што пишува медиумот, тој го сменил името и најверојатно се надевал дека швајцарската полиција нема да го фати. На 29 јануари, сепак бил уапсен на аеродромот во Женева. 

Се претпоставува дека е шеф на нарко-мафија која оперира низ Европа. Јавното обвинителство во Линц, Австрија, го обвинува мажот дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал метамфетамин.

Зачлени се на нашиот е-билтен