Нашол кој да зборува! Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски со плата од 2.000 евра говори за пет пати помалите плати во ССМ

Пратеникот редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска на прес-конференција рече дека од информациите што ги добиле од свиркачи во ССМ, Стојанче Кашиковски, претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство, покрај платата, остварува и дополнителни годишни примања.

„Кешиковски од ССМ прима плата од над 50 илјади денари. Вкупните примања во 2023 година, во кои влегува и неговата плата и примања по други основи биле над 810 илјади денари. Ова се синдикалниците на Трендафилов и ССМ. Не се знае кој од кој имаат поголеми примања“,вели Петрушевски.

Посочи дека според свиркачите на ССМ, кои во голем дел се разочарани од актуелното раководство, Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ и луѓето околу него, го претвориле синдикатот во приватна фирма.

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати посочуваат дека додека Трендафилов и раководството на ССМ ги лаже работниците за минималец, тие земаат високи плат

На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе одржи протест на улиците во Скопје.

Одлуката за протест доаѓа откако Владата во вторникот ја усвои информацијата за минималната плата да се зголеми за 1 800 денари во нето-износ.

Од друга страна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски, според измените на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и избраните функционери во јануари 2025 година, добива основна плата од 1.751 евра, (без ниту ден работен стаж) додека пак, минималната плата во државагта е 367 евра. Тоа значи дека еден пратеник добива околу четири и пол пати повеќе од граѓанин што работи за минималец и скоро два и пол пати повеќе од просечната плата.

Во овој случај народниот избраник Петрушевски прима основна плата плус надоместоци. Во 2024 година, просекот на бруто исплатената просечна плата за првите 10 месеци изнесува 61.250 денари. Во овој состав беше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Пратениците имаат право на бројни други надоместоци, како што се патните трошоци, субвенции за закуп на стан: ако живеат во странство, добиваат право на сместување до 70 метри квадратни, или до 100 метри квадратни ако е со семејство, ако имаат патувања до изборната единица – пратениците што живеат надвор од земјата имаат право на шест службени посети годишно, со покриени трошоци.

Дополнително, пратениците добиваат и надоместоци за: Службени патувања (дневници и ноќевање); Погребни трошоци (износ од две последни плати); Трошоци за користење на приватен автомобил за службени цели, како и отпремнина при пензионирање од три просечни плати.

Од друга страна ССМ бара зголемување на минималната плата на 450 евра, со оглед дека според последните нивни пресметки Синдикалната минимална кошничка за една година се зголемила за околу 100 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен