„Некредибилниот„ Судски Совет „кредибилно“ ги избрал сопругите на советниците на Мицкоски за судијки

Мицкоски преку ноќ му го врати кредибилитетот на Судскиот совет, кого речиси секојдневно откако е дојден на функцијата го нарекува канцер на судството, па прашан за унапредувањето на сопругата неговиот советник Марковски, тој кажа дека таа била највисокорангирана во оценувањето од Судскиот совет и затоа не гледа никаков проблем во нејзиниот избор.

За унапредените судијки Марија Марковска и Цветанка Сиљановска-Костадиновска во Апелациониот суд Скопје, а кои се сопруги на советникот на премиерот Сашо Марковски и на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, премиерот Христијан Мицкоски вчера се правдаше со Судскиот совет.

Токму еден од тие најкритикувани членови на Советот, ги оценувал и ги рангирал судијките – сопруги на советникот на премиерот и на претседателот на Уставниот суд.

Деновиве кога јавноста е бранувана од унапредувањата на сопругите на функционери, веќе се заборави дека пред пет месеци во Судскиот совет влезе судијката Данка Ристова, сопруга на градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ.

Неа ја избрале судиите на непосредни избори, но исто како како колешките Марија Клетничка-Марковска и Цветанка Силјановска-Костадиновска, и Данка Ристова не можела да се воздржи да се кандидира за висока функција додека сопругот ѝ е градоначалник.

Зачлени се на нашиот е-билтен