Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема крај на катаклизмите во Л.А., по пожарите можно е лизгање на земјиштето

Од силните ветрови, кои ги проширија пожарите за една недела загинаа најмалку 25 луѓе. Американската национална метеоролошка служба (NWS) и денеска предупреди дека новите ветришта може да достигнат брзина од 110 километри на час.

„Особено опасна ситуација“ е прогласена во делови од округот Лос Анџелес и соседниот округ Венчер. Ниската влажност и многу сува вегетација може да доведат до „исклучително брзо ширење на пожарот“ во некои области, предупредија метеоролозите, кои прогласија црвен метеоролошки аларм за поголемиот дел од Јужна Калифорнија.

Штетата е огромна. Повеќе од 12.000 домови, згради и возила беа изгорени или оштетени, а цели населби беа срамнети со земја. Речиси 88.000 луѓе се раселени, а најмалку 25 загинале, според новите податоци. Двата најголеми пожари уништија 9.700 хектари во Пацифик Палисадес и повеќе од 5.700 во градот Алтадена северно од Лос Анџелес.

Федералните власти отворија истрага за да се утврдат причините за пожарот, истакнувајќи дека за тоа ќе биде потребно време. Спасувачите со кучиња трагачи со денови трагаат по жртви во урнатините. Во понеделникот беа претресени 1.800 домови, изјави шерифот од Лос Анџелес, Роберт Луна.

„Добрата вест е дека не најдовме тела“, рече Луна. Штетата би можела да се движи меѓу 250 и 275 милијарди американски долари, според прелиминарните проценки на AccuWeather. Од почетокот на неделава во училиштата се вратија стотици илјади деца, но училиштата во евакуираните зони остануваат затворени.

Пред два дена избувна нов пожар во Окснард, 80 километри од Лос Анџелес. По проблемите со гаснењето на пожарите во секторот Пацифик Палисадес поради хидранти без вода или низок притисок, началникот на пожарникарите Ентони Мароне во вчера изјави дека секторот Алтаден има вода и притисок.

Демократскиот гувернер на Калифорнија Гевин Њусом повика на „независна и сеопфатна истрага“ за системот за дистрибуција на вода во Лос Анџелес. Тој им нареди на екипите за чистење да бидат подготвени да интервенираат бидејќи властите стравуваат дека зимските бури може да предизвикаат лизгање на земјиштето.

Здравствените власти предупредија на опасност по здравјето од чадот и пепелта од ветерот.

„Тоа е ситна прашина што може да го иритира или оштети вашиот респираторен систем и други делови од вашето тело“, предупреди Аниш Махаџан, претставник од областа.

Властите ги повикаа жителите да носат маски. Ветровите Света Ана, кои ги разгореа пожарите, се вообичаени во Калифорнија во есен и зима. Но, овој пат, според метеоролозите од 2011 година, тие се најсилни бидејќи достигнале брзина од 160 километри на час.

Бујната вегетација благодарение на претходните две дождливи години, го олесни движењето на пожарот, затоа што немаше врнежи во последните осум месеци, па тој пресуши.

Зачлени се на нашиот е-билтен