Нема правда за усмртената на пешачки премин, Теодора, Пајазити доби само две години затвор

Основниот суд во Тетово на возачот, Менсур Пајазити, кој пред повеќе од две години на пешачки ја прегази младата Теодора Ристевска, му досуди 24 месеци затвор и тоа откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти.

Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.

Случајот досега помина низ неколку судски лавиринти. Во ноември 2023 година, Основниот суд во Тетово му изрече казна од три и пол години затвор, но Пајазити ја обжали пресудата. Апелациониот суд му ја намали казната на две години, а Врховниот суд, на барање за вонредно преиспитување, ги укина двете пресуди и го врати случајот на почеток.

Пајазити се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со можност за казна затвор од една до пет години.

Семејството на Теодора, иако изморено од постојаните судски одложувања и пресврти, остануваше дека е решено – правдата, колку и да доцни, мора да дојде.

Зачлени се на нашиот е-билтен