Немири избувнаа во различни делови на Северна Ирска трета ноќ по ред при што демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата во Балимена, ецнтарот на немирите, а спортски центар беше запален во градот Ларне.
Стотици маскирани демонстранти ја нападнаа полицијата и запалија куќи и автомобили во северноирскиот град Балимена во вторникот, за време на немирите што полицијата ги осуди како „расистичко насилство“.
Полицијата ги блокира патиштата во Балимена од синоќа. Маскирани млади луѓе фрлаа камења, пиротехнички средства и молотови коктели врз полицијата која распореди водни топови против нив втора ноќ по ред.
Насилството првично избувна откако двајца 14-годишници беа уапсени и се појавија на суд во понеделникот обвинети за обид за силување на тинејџерка во Балимена.