Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху замина за Вашингтон на неколкудневна посета, во време кога се интензивираат обидите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложници.
– Ова е моја трета средба со претседателот Доналад Трамп од неговиот избор пред шест месеци, изјави Нетанјаху на аеродромот Бен Гурион.
Трамп претходно рече дека очекува договорот со Хамас да се постигне „оваа недела“. Израелскиот премиер потврди дека испратил преговарачка делегација во Доха, каде посредуваат Катар, Египет и САД.
Предлогот предвидува 60-дневен прекин на огнот, за време на кој треба да бидат ослободени 10 од 20-те израелски заложници, а двете страни да преговараат за траен крај на војната. Хамас го прифати договорот во принцип, но побара измени кои Израел ги отфрли.
Нетанјаху вели дека има три цели: враќање на сите заложници, елиминација на Хамас и обезбедување дека Газа повеќе нема да претставува закана.