Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Невреме во Албанија, забранета пловидбата, во Тирана паднати дрвја

Албанија ја зафати невреме проследено со силен ветер, обилни дождови, а во северните делови и обилен снег, каде дебелината на снежната покривка е над 15 сантиметри, а во одделни планински места таа е и повисока.

Обилен и интензивен дожд и силен ветер има во Тирана, каде паднаа и дрвја, одрони од камен и земја има на повеќе патни правци, поради што полицијата апелира на голема внимателност и строго почитување на патната сигнализација.

Според полицијата посебна внимателност се препорачува и на автопатот „патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“, кај Дебар до Тирана, кој го користат и македонски граѓани.

Поради невремето, кое предизвикува високи бранови, Капетанијата во најголемото албанско пристаниште, Драч, објави дека е забранета пловидбата на сите видови пловни објекти, вклучително и траектите.

-На пристаништето процесите на контејнерскиот терминал продолжуваат нормално, додека работата на терминалите за разна стока привремено е прекината поради силниот ветер и обилниот дожд, стои во соопштението.

Како последица на погрешен маневар поради лошото време на кејот на пристаништето Драч, денеска на пладне се судриле два траекти, Еден од траектите превезувал патници од Италија кога се случил судирот, при што е предизвикана само материјална штета, но нема повредени. Со помош на реморкер (брод за влечење) траектите биле закотвени на кејот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен