На денешната седница на пратенички прашања пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски коментираше дека „Наместо да биде составен од компетентни и непартиски експерти, како што предвидува законот, ВМРО-ДПМНЕ избра партиски членови во Советот за граѓански надзор, претворајќи го во инструмент за партиска контрола на прислушувањето и следењето на комуникациите. Со вакво обвинување денеска излегоа од опозициската СДСМ, велејќи оти на вчерашната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, власта „протнала“ партиски кадри за членови на Советот за граѓански надзор.
Ова тело ја контролира работата на институциите задолжени за следење на комуникациите односно Оперативно-техничката агенција (ОТА) и други институции и постапува по претставки доколку некој е прислушуван, но и по службена должност врши надзор над овие институции.