Николовски: Среќен празник Св. Трифун, еве што сè направи СДСМ за лозарите и винариите

Честитајќи им го празникот Св Труфун, заштитникот на лозарите и на винариите, пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, рече дека како власт, во координавија со лозарите и винариите, биле воведени нови мерки и политики за поголема поддршка на оваа стратешка гранка во Македонија. Според Николоцски СДСМ го разви лозарството, додека ВМРО ДПМНЕ не нуди никакви мерки за лозарите. ‘Она што денеска го гледаме е комплетна безидејност, без нови мерки, и без нови политики за поддршка на македонските лозари’.

Според Николовски, новиот Закон за вино кој минатата година СДСМ со коалициските партнери го донесе во Собранието, не само што дава гаранција за откупната цена на македонското грозје, туку го штити и трудот на лозарите, бидејќи овозможува откупната цена на македонското грозје и на македонското вино, да расте.

„СДСМ го донесе Законот за вино, кој овозможи раст на бројот на семејни винарии, раст на целокупното македонско вино кое се извезува во над 40 земји. Извозот на виното достигна над 60 милиони евра. Воведовме и нови програми за поддршка на малите винарии, а беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Ова е потврда за важноста на овој сектор во македонската економија, рече пратеникот, Љупчо Николовски.

Николовски потенцираше дека СДСМ како власт, воведе и авансна поддршка на субвенциите пред крајот на годината, како и зелена нафта за лозарите во висина од 960 денари по хектар.

„Воведовме програма за зголемена поддршка и настап на нашите и мали и средни и големи винарии насекаде во светот, на сите важни настани. Затоа македонското вино денеска е насекаде препознаено во светот“, рече Николовски.

Тој закројувајќи лозници од Тиквешијата рече: Од овде, од симболот на нашето македонско грозје и вино, на сите лозари и на винариите, им го честитам денешниот празник Свети Трифун- заштитникот на лозарите и винариите.

Зачлени се на нашиот е-билтен