Номинираните за „Оскарите“ ќе добијат вредни подароци во вкупна вредност од 216.000 долари

Номинираните за „Оскарите“ во побитните категории и годинава ќе добијат вредни подароци, со ваучери за патување и престој во хотели со пет ѕвезди, објавија американските медиуми. „Утешните награди“ лани вредеа околу 165.000 евра, а оваа година тие ќе чинат 216.190 американски долари.

Маркетинг-агенцијата „Дистинктив асетс“ (Distinctive Assets), секоја година ги доделува и главните награди, па се чини, нивниот слоган е: „Сите се победници“. Така, номинираните за најдобра главна и споредна женска улога, главна и споредна машка улога и режисер – вкупно 25 познати личности ќе добијат од овие скапи „споредни награди“. Меѓу тие имиња, годинава се: Тимоти Шаламе, Деми Мур, Адријан Броди, Зои Салдања и др.

Меѓу најскапите подароци се патувањата – четиридневен луксузен велнес-одмор и престој во одморалиште на Малдивите (којшто чини 23.549 долари) и соба во хотел со пет ѕвезди во Барселона, Шпанија. Пакетот содржи вкупно 61 подарок и услуга. Меѓу нив се и следниве: Персонализирана поддршка за обновување при катастрофи (3.500 долари достапни за секој номиниран, плус 10 ваучери од 3.500 долари за споделување со жртвите од пожарите), помош од „Брајт харбор“ (Bright Harbor),, најнови козметички производи и производи за нега на коса од „Л’Ореал Париз“ (L’Oréal Paris), пакет „Номатик травел“ (Nomatic Travel) од 599 долари, Луксузна кутија за подарок од 400 долари од „Пети Пут“ (Petty Pout), 25.000 долари за тримесечно членство во „Ворлд експлорер“ (World Explorer), најсовремена липосукција „Артлипо“ (ArtLipo) во вредност од 25.000 долари.

Номинираните ќе добијат и производи за нега на кожата, накит, слатки задоволства, алкохолни пијалоци, книги, облека и чанти.

Зачлени се на нашиот е-билтен