Нова ера во односите Велика Британија – ЕУ

Пет години по Брегзит, Велика Британија и Европска Унија ги рестартираат односите. На денешниот Самит во Лондон постигнати се три договори – за зајакнување на соработката во одбраната, за олеснување на трговијата со храна и олеснување на трговијата со храна и граничните проверки.

Договорот за партнерство за безбедност и одбрана предвидува зајакнување на соработката и би можел да ѝ овозможи на британската воена индустрија да учествува во заедничка програма за заем од ЕУ за купување оружје во вредност од 150 милијарди евра, за која сè уште преговараат земјите-членки на ЕУ.

Договор е важен поради војната што Русија ја почна во Украина и ризикот САД да се повлечат од одбраната на Европа.

Вториот договор е за намалување на контролите врз храната и земјоделските производи, со што на британските компании ќе им се овозможи да го избегнат данок на ЕУ за ослободен јаглерод.

Според Лондон овие мерки треба да донесат речиси девет милијарди фунти британската економија до 2040 година.

Третиот договор се однесува на продолжување на 12 години на дозволата за рибарски бродови на ЕУ да можат да ловат во британските води.

На денешниот Самит во Лондон учествуваа и британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Стармер оцени дека договорите со ЕУ ќе ја намалат бирократијата и ќе ја поттикнат економијата на Велика Британија.

– Време е да гледаме напред. Да ги оставиме настрана старите дебати и политички битки и да најдеме разумни, практични решенија што се најдобри за британскиот народ, посочи Стармер по првиот Самит на Велика Британија – ЕУ што се одржа во Лондон.

Велика Британија по Брегзит забележа пад на извозот во ЕУ од 21 проценти.

– Ова е првиот Самит помеѓу Велика Британија и ЕУ. Означува нова ера во нашите односи и сите имаме корист, потенцира Стармер.

Додека за Лајен со постигнатите договори помеѓу Брисел и Лондон се испраќа порака дека земјите во Европа се поддржуваат и помагаат едни со други.

Пораката што ја испраќаме до светот денеска е дека во време на глобална нестабилност и кога нашиот континент се соочува со најголемата закана со генерации, ние во Европа се поддржуваме и помагаме едни со други, наведе Лајен.

Зачлени се на нашиот е-билтен