Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новата Комисија за помилување, се поднови со пензонираната врховна судијка, Милка Ристова

На чело на Комисијата за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе застане пензионираната врховна судијка Милка Ристова. Покрај Ристова, во комисијата ќе членуваат и професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Александра Груевска-Дракулевски, како и професорите Оливер Бачановиќ, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Афет Мамут.

Седмиот член, Дохан Сулејманоски, е од редовите на невладиниот сектор.

Новата Комисија за помилување ќе се зафати со работа уште утре, кога ќе ја има првата седница, со тема на дневен ред, разгледување на проблемите во пропишаните законски процедури за нејзината работа. Според претседателката Сиљановска Давкова, претходниот состав на Комисијата настрада поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата. Минатиот состав на Комисијата за помилување, си поднесе морална оставка, односно оставката дојде по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување, пред се за Афик Равманоски, кој во меѓувреме е осомничен за друго кривично дело, обид за убиство во Чаир.

Тие во соопштението до јавноста напишаа дека одлуката е донесена во согласност со „нивните лични и професионални принципи“.

Врз Одлуката за помилување стои потписот на шефицата на државата Силјановска Давкова.

Зачлени се на нашиот е-билтен