Започнува со имплементација делот на регулатива што е поврзана со правилниците во рамки на МВР, а се однесува на проектот „Безбеден град“.
-Од 1.1.2025 година секој кој ќе има потреба да го регистрира своето возило, ќе мора да достави во рамки на системот телефонски број, е-мејл адреса и да даде изјава под морална материјална и кривична одговорност дека телефонскиот број и е-мејл адресата се врзани со лицето кое е сопственик на возилото, вели Тошкоски.
Министерот додаде дека секојдневно се инсталираат камери, се поставуваат столбови, а се надева дека системот ќе биде ставен во фунција до декември следната година.
-Мислам дека ќе го имаме во функција во текот на декември 2025. Тоа е многу важен проект. За жал во Македонија имаме од 130 до 140 жртви годишно како последица на сообраќајни несреќи.