Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот папа – Роберт Превост од САД, првиот американски понтиф во историјата. Тој ќе биде познат како Лав XIV.
Кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти го објави своето име со традиционалната прогласка „Habemus Papam“ (Имаме папа).
За избор на папа беше потребно двотретинско мнозинство, или 89 гласови.
Рекордни 133 кардинали од 70 земји учествуваа во тајното гласање, во споредба со 115 од 48 земји на последната конклава одржана во 2013 година.
Овој раст е одраз на напорите на покојниот папа Франциск да го прошири досегот на Црквата за време на неговиот 12-годишен понтификат.
Кој е новиот папа?
Роберт Превост, роден во Чикаго, моментално раководи со Дикастеријата за бискупи, важно тело кое го надгледува назначувањето на нови бискупи.
Покрај тоа, тој е претседател на Папската комисија за Латинска Америка, а долги години служел како епископ во Перу, пренесува RTCG.