Пратениците од пратеничката група на СДСМ, на денешните пратенички прашања ја обвинија власта дека со новогодишната кошничка власта направила грабеж од неколку милиони евра. Од опозицијата велат дека „кошничката“ доживеа целосен дебакл, бидејќи Мицкоски им дозволил на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните. ‘Многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа манипулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените’.
„Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници. За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните“.
Од СДСМ го прашаа Мицкоски, ‘што им должеше на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните’.