Извршниот одбор на СДСМ, на вечерашната прва седница разговараше за внатрепартиските активности за кои веќе има направено оперативен план.
„Новото раководство на СДСМ од утре започнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации. СДСМ ќе го менува пристапот и го враќа гласот на членството при креирањето на политики. До крајот на годината ќе го заокружиме и изборот на претседатели на општинските организации со што целосно ќе заврши процесот на обединување“, велат во СДСМ.