Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Њу Делхи прв, а Скопје е 12-ти најзагаден град во светот

Прв на листата на air visual, најзагаден град вечерва е главниот град на Индија, Њу Делхи. Втор град на оваа листа е Дака во Бангладеш и трет е Лахоре во Пакистан. На 5-то место е Ханој во Виетнам. На листата на air visual, вечерва босанскиот главен град Сараево е 4-ти најзагаден град  во светот, а Скопје се најде на 12-то место. 

Загадувањето на воздухот е контаминација на внатрешната или надворешната средина предизвикана од кој било хемиски, физички или биолошки агенс што ги менува природните карактеристики на атмосферата.

Уредите на цврсти горива за греење во домаќинствата, моторните возила, индустриските капацитети и шумските пожари се вообичаени извори на загадување на воздухот. Загадувачите кои се загрижувачки за јавното здравје вклучуваат: честички, јаглерод моноксид, озон, азот диоксид и сулфур диоксид. Загадувањето на воздухот на отворено, но и внатре, предизвикува респираторни и други болести кои се важни извори на морбидитет и морталитет.

Зачлени се на нашиот е-билтен