„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ постигна договор за соработка со „Амазон“ за лиценцирање на неговата уредничка содржина за обука на вештачка интелигенција.

Според соопштението, содржината на „Њујорк тајмс“ ќе биде интегрирана во голем број кориснички услуги и производи на „Амазон“. Договорот вклучува и статии од весникот и рецепти од кулинарската платформа (NYT Cooking) и спортскиот портал (The Athletic). Финансиските детали за соработката не беа откриени, но се наведува дека тоа е прв ваков договор што „Амазон“ го склучил со издавач.

Компанијата за развој на вештачка интелигенција „Опен АИ“ во меѓувреме постигна слични договори со голем број големи медиуми како што се „Вашингтон пост“, „Атлантик“, „Гардијан“ и германската медиумска куќа „Аксел Спрингер“.

Зачлени се на нашиот е-билтен