Светските берзи имаат нов рекордер – на 9 јули 2025 година, Nvidia влезе во историјата како прва компанија во светот, со акции во јавна понуда, чија пазарна капитализација надмина четири трилиони долари.
Тоа се случи оваа среда кога нејзините акции на берзата добија малку повеќе од 2,5% вредност и достигнаа вредност од 164 долари.
Тоа е продолжение на метеорскиот подем на Nvidia на првото место на највредните компании во светот. Сè започна пред малку повеќе од две години, кога, во јуни 2023 година, Nvidia за прв пат ја надмина пазарната вредност од еден трилион американски долари, приклучувајќи се кон елитниот клуб на технолошки гиганти како што се Apple, Microsoft и Amazon. Дури девет месеци подоцна, во февруари 2024 година, компанијата достигна вредност од два трилиони долари, што е најбрзо растечката пазарна капитализација меѓу американските фирми – двојно побрзо од Apple и Microsoft.

Веќе во јуни минатата година, Nvidia стана првата компанија од секторот за компјутерски чипови што го премина прагот од три трилиони долари во пазарна вредност, истовремено престигнувајќи го Apple и консолидирајќи ја својата позиција како највреден производител на полупроводници (и компанија воопшто) во светот. Сега таа руши нов рекорд станувајќи првата јавно тргувана компанија што барем во еден момент достигна пазарна вредност од четири трилиони долари, продолжувајќи да ја искористува својата доминантна позиција во производството на чипови специјализирани за вештачка интелигенција.

Моментално зад Nvidia се Microsoft со вредност од 3,7 милијарди долари, Apple (3,1 милијарди), Amazon (2,3 милијарди), Alphabet (2,1 милијарди) и Meta (1,8 милијарди), што потврдува дека технолошките компании во моментов неоспорно ги „тресат“ светските берзи. Само на седмото место е нафтениот гигант Saudi Aramco, а по него – погодивте – технолошките компании Broadcom и TSMC. Berkshire Hathaway на Ворен Бафет затвора на десеттото место со вредност од нешто над трилион долари.