Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обвинителство смета дека судењето за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски треба да запре

Обвинителството дало мислење дека судењето за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски обвинети како организатори за 27-ми април треба да запре согласно законот за амнестија кој претходно беше применет и за дел од обвинетите кои одговараа како извршители. А за Владимир Атанасовски кој е четврт обвинет во случајот, немало ваков предлог.

Денешното судење е одложено, а судијата ќе донесе одлука на следното рочиште потврдија од кривичниот суд за Телма.

Предметот за организаторите Апелација го укина и сега е на повторно судење во кривичниот суд.

Претходно Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор.

Обраната во случајот „ Организаторите на 27 април“ денеска проглaси победа за случајот, кој е во судска постапка пред Кривичниот суд,

-Обвинителството достави мислење до судот дека во конкретниот случај постои правна пречка за поднесување на обвинение за што треба да се донесат решенија за запирање на постапката. Јасно и прецизно посочуваат дека има правна пречка за таа постапка да може да се води поради примена на законот за амнестија примената, вели Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески во овој предмет.

Зачлени се на нашиот е-билтен