Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од Мицкоски „топло-ладно“ за студентите: Од утре и понатаму ќе имаат бесплатен автобуски превоз

Денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за бесплатен превоз за студентите. Владината вест ја објави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба да полагаат во јануарската испитна сесија“, рече  Јаневска.

Пред новогодишните празници, Владата на прениерот Христијан Мицкоски ја отвори дилемата ‘студентите во јануари да останат без беспллатен јавен превоз со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје’ и тоа, како што пишуваа медиумите, поради ненавремено донесена владина одлука.

„Обидите на студентите да ги продолжат годишните билети за следната календарска година завршуваат безуспешно – во центрите за персонализација на ЈСП добиваат одговор дека се чека „амин“ од надлежните“.

Студентите секоја година досега важноста на билетите можеа да ја продолжат во декември.

Министерката за образование и наука, Јаневска денеска рече дека МОН исплатил средства кон ЈСП во 2021 година, и дека од тогаш до денес не била донесена одлука за субвенциониран превоз.

Студентите и средношколците  на денешната средба со министерката побараа од МОН и  поголема дигитализација на учебници , подобрување на државната матура, како  зголемување на бесплатниот превоз и за студентите на приватните универзитети.

Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите и од утре ќе можат да се продолжат билетите.

Зачлени се на нашиот е-билтен