„Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8.22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“ соопштија од ЕСМ.
ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор, велат од СДСМ. пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100% домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа“, обвини СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, за лошата состојба ја обвинија поранешната власт која ја предводеше СДСМ.
„СДСМ, кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите.