Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одлепена реалност: Додека граѓаните мрзнат чекајќи автобус, Мицкоски ќе лета по облаци во „ганц“ нов авион

Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ, не престанува на јавноста да и сервира зошто премиерот треба да лета во „ганц“ нов авион. Најновиот обид доаѓа од портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа денеска сериозно порача дека купувањето на нов авион било од државен интерес.

Митева од ракав извади кец, и го фрли пред грѓаните, ‘претседател на државата загина во авионска несреќа, а друг претседател беше жртва на обид за атентат’.

„Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика,“ изјави Митева, повикувајќи на разбирање од јавноста и од сите политички актери за оваа иницијатива.

Од друга страна опозициската СДСМ, жестоко се спротивставува од парите на граѓаните да се купува авион кој чини од 30 до 40 милиони евра. Од опозицијата велат дека се против и дека заедно со граѓаните ќе се спротивстават на ваквите расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.

„Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните. Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓанит“, велат од СДСМ.

Според нив ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, ‘душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања’.

Дека власта е сериозна во намерите, е показателот дека најголемата владејачка партија ВМРО=ДПМНЕ жестоко ја нападна опозициската СДСМ.

„Како држава членка на НАТО доколку сакаме да биде сериозна држава, треба да имаме квалитетен воздухоплов. Моменталниот авион кој е во служба на Владата, често е во дефект и на поправки, а тоа ја „кошта“ државата. Тесноградоста на СДС и заслепеноста на Филипче, покажува дека не гледаат подалеку од партиското слепило на Бихачка“.

Зачлени се на нашиот е-билтен