Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.

-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во која едно лице го загуби животот, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, информираа денеска од Основен кривичен суд Скопје.
 
Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, од Судот  соопштуваат дека Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска и тоа за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка.

Зачлени се на нашиот е-билтен