One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија. Денеска, министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ги потпишаа протоколите за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот.

Беа потпишани и протоколот за соработка за време на летната и зимската туристичка сезона кој го регулира меѓусебното испраќање полициски службеници за помош на туристичките места и настани во зависност од потребите, што веќе функционира во годините наназад.

На единствената контролна точка ќе се проверуваат документите и патниците непречено ќе го поминат преминот задржувајќи се на една контролна точка при влез.

„Освен потпишувањето на протоколот којшто ги детализираше сите потребни факти за да функционира заедничкиот граничен премин, од македонска страна беше потпишан протоколот којшто би требало да овозможи размена на полициски службеници во рамки на оние туристички центри коишто ги имаме по потреба во рамки на одредени сезони. Да не потпишуваме засебни договори, протоколи, во рамки на еден генерален протокол го дефинираме начинот на заедничка соработка“, рече Тошковски.

„Полициските службеници на земјата домаќин би биле овластени покрај влезната гранична контрола да ја завршат и излезната гранична контрола на соседната земја, односно се воспоставува таканаречен „One stop control“ на влезот на државата“, изјави Дачиќ.

За време на годишните одмори, летната сезона, но и за време на празници токму на овој граничен премин има метеж. Претходно, властите потпишаа договор сега беше потпишан протоколот и во овој период нагласи српскиот министер ќе биде во тест фаза.

Министрите Тошковски и Дачиќ кажаа дека на ниво на директорите на полициите, потпишале и генерален протокол за меѓусебна поддршка во екот на летната и зимската туристичката сезона. Полициските службеници од двете држави ќе помагаат на пример во Охрид или за „Егзит фестивал“. Протоколот следува по веќе востановената пракса, помеѓу полициите од двете држави.

Зачлени се на нашиот е-билтен