Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Онколошките пациенти оставени на цедило: Не работи единствениот државен ПЕТ скенер

Откако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, голготата на онколошките пациенти од ден на ден постојано расте. Од СДСМ велат дека хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и и ДПМНЕ, трае со месеци, а најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент.

„Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостаток на кадар, голготата која ги засега пациентите од целата држава продолжува. Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, сега еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер. Поради ова, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање“, рече членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски.

Таа обелодени дека наместо соодветен третман во јавното здравство, онколошките пациенти се принудени да бараат алтернативни решенија во приватните болници, каде што цените се екстремно високи, или во здравствени установи во регионот, што дополнително го зголемува нивниот финансиски и психолошки товар. Поради ваквата состојба СДСМ, бара одговорност.

„Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност во управувањето со здравствениот систем, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и пациентите. СДСМ бара одговорност од директорката Невена Маневска и од министерот за здравство, Арбен Таравари. Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура и да обезбеди континуирано снабдување со неопходните терапии“, повика Цветановски.

Од опозициската партија порачаа дека ‘граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт’.

Зачлени се на нашиот е-билтен