Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орпо: Се истражува прекинот на функционирањето на подморскиот кабел за пренос на струја што ги поврзува Финска и Естонија

Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека неговата земја го истражува прекинот на функционирањето на подморскиот кабел за пренос на струја што ги поврзува Финска и Естонија.

„Дури и на Божиќ, властите се во подготвеност за да го истражат тоа“, објави Орпо на платформата Икс.

Финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „Фингрид“ претходно соопшти дека во 10:26 часот по локално време дошло до непланиран прекин на интерконекторот „Естлинк 2“, со што расположливиот капацитет на мрежата е намален на 358 мегавати, од инсталираната моќност на 1.016 мегавати.

Зачлени се на нашиот е-билтен