Османи му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека тој не преговарал со никого за македонскиот идентитет туку за европскиот идентитет на Македонците и Албанците.
-Тоа би било јас да му возвратам: Kој вас ви дава право да преговарате за мојот европски идентитет? Албанците се прозападно ориентирани. Кој вас ви даде право да не ставите како истурен играч на „Српскиот свет“ без да не прашувате нас? Ако одиме на таква варијанта, мислам дека изјавите од типот на ограничување на легитимитет на министри да зборуваат во име на државата поради етничката припадност е најскандалозната можна изјава што може да се даде…Претераа со создавањето на „монструм“ за омраза кон Албанците, ДУИ и останатите заедници и сега се жртва на тој монструм кој што ги гони, кажа потпретседателот на ДУИ и му порача на премиерот дека мора да внимава што изјавува.