Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Останува притворот за Груби, но откако ќе биде обезбеден во земјата

Основниот кривичен суд Скопје одлучи дека притворот од 30 дена за поранешниот прв вицепремиер од ДУИ, Артан Груби, останува и тој ќе важи од денот кога тој ќе биде достапен за органите на прогонот.

Со одлуката на кривичниот совет при Кривичниот суд, се потврдува одлуката на судија на претходна постапка и останува да важи мерката притвор кој ќе почне да се спроведува откако Груби ќе биде обезбеден во земјава.

Адвокатот на Артан Груби минатата недела поднесе жалба на одлуката на Кривичен откако Судот, на предлог на Јавното обвинителство определи притвор во времетраење од 30 дена против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Државна лотарија“ на РСМ, Перпарим Бајрами.

Груби е осомничен во истрагата за набавката на ВЛТ апаратите во Државна лотарија. По него и по поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, на 18 декември беше распишана и меѓународна потерница.

30-дневен притвор и за двајцата беше одреден на 17 декември, по што Груби преку неговиот адвокат поднел жалба до судот.

„Кривичниот совет постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка“, соопштија од Кривичниот суд на 24 декември.

Истрагата за Државна лотарија следуваше откако претходно на 9 декември тој, заедно со неговото семејство и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање“, кој исто така од претходно е под американски санкции.

Зачлени се на нашиот е-билтен