Во текот на неделава Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ја одржа третата седница на која како матично работно тело го разгледа Годишниот извештај за работата на оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2024 година.
Во Годишниот извештај кој го опфаќа периодот од први јаниари до 31 декември, 2024 година, ОТА технички посредуваше во активирање на вкупно 340 комуникации за потребите на овластените органи активирани врз основа на примени судски наредби во ота за спроведување на мерките следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации во текот на извештајната година.
Според извештајот, бројот на активирани комуникации за секој овластен орган одделно изнесува:
– 195 комуникации за потребите на министерството за внатрешни работи
– 9 комуникации за потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
– 1 комуникација за потребите на Основното јавно обвинителство Скопје
Согласно членот 7 став 3 алинеја 2 од законот за ОТА, не се наведува бројот на активирани комуникации за потребите на безбедноста и одбраната.
Комисијата го разгледа овој извештај и го проследи на натамошна постапка во Собранието, а за известител го определи претседателот на Комисијата, Миле Талевски.
На седницата, во својство на претставничка на ота присуствуваше директорката Марија Јаническа, која даде образложение по Годишниот извештај.