Откриена причината за прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија: Ретка појава предизвика хаос


Португалскиот оператор на енергетска мрежа (REN) тврди дека „екстремните температурни разлики во внатрешноста на Шпанија“ предизвикале колапс на енергетскиот систем што влијаел и врз нивната земја. Тие велат дека овие разлики предизвикале големи „абнормални осцилации“ на високонапонските кабли (400 kV). Феноменот се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, објавува Би-Би-Си.

Шпанија сè уште не одговори на овие обвинувања. Сепак, Европската комисија реагираше, наведувајќи дека нема докази дека прекинот на електричната енергија е резултат на намерен чин, како што се саботажа или сајбер напад.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, ги повика граѓаните да останат таму каде што се, да го намалат движењето и да не излегуваат надвор, за да останат патиштата проодни. Освен што ги исклучија семафорите, тие мораа да затворат и тунели на некои автопати. Тој им порача на граѓаните да се јават во службите за итни случаи само во навистина итни случаи.

Шпанските железници (Ренфе) објавија на Твитер дека поради проблем со електричната енергија, возовите не сообраќаат од 12:30 часот. Тие управуваат со повеќе од 1.000 возови дневно и превезуваат 1,3 милиони патници.

Директорот на шпанската електроенергетска мрежа „Ред електрик“ вели дека обновувањето на електричната енергија би можело да потрае со часови.

„Решавањето на проблемите може да трае помеѓу шест и десет часа“, вели Едуардо Прието…

Недостаток на електрична енергија во Португалија до една недела

Се проценува дека целосната нормализација на мрежата би можела да потрае и до една недела, според португалската електроенергетска компанија REN, пишува BBC.

Претходно, раководителот на шпанската електрична мрежа изјави дека обновувањето на снабдувањето во Шпанија може да трае помеѓу шест и десет часа.

Повеќето урбани центри во Португалија треба да го обноват снабдувањето со електрична енергија во рок од неколку часа, додека предизвиците за целосна нормализација би можеле да продолжат во оддалечените и инфраструктурно помалку поврзани области – велат експертите по соопштението на компанијата.

Проблеми имаше и во Франција

Делови од Франција привремено останаа без струја по прекините во електричната енергија во Шпанија и Португалија, објави Ројтерс, повикувајќи се на францускиот оператор на електрична мрежа RTE.

Портпаролката на РТЕ не даде дополнителни детали за обемот на прекинот, но рече дека струјата е обновена по краткиот прекин.

Зачлени се на нашиот е-билтен