Отворање на изложба на уметнички дела „Од ризницата на македонското Собрание“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде оптворена изложбата „Од ризницата на македонското Собрание“.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, изложбата ќе ја отвори претседателот на Собранието Африм Гачи, а ќе биде поставена во Кристалната сала.  

-Целта на изложбата е културна афирмација, промовирање, вреднување и зачувување на уметничките дела од еминентни македонски сликари, во насока на поголема грижа, заштита и зачувување на културното, етнолошкото и историското богатство во објектот на Собранието, стои во најавата за изложбата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен