Германскиот софтверски гигант SAP стана највредната компанија во Европа, престигнувајќи ја данската фармацевтска фирма Ново Нордиск. Пазарната вредност на SAP на берзата во Франкфурт во понеделникот скокна на 314 милијарди евра, додека на Ново Нордиск е на 310 милијарди.
Компанијата, со седиште во Валдорф, југозападна Германија, профитираше од „cloud“технологијат (обработка заснована на интернети) и експлозијата на вештачката интелигенција. Германскиот софтверски гигант минатата година објави реорганизација на бизнисот со вештачка интелигенција (ВИ) во кој ќе бидат вклучени околу 8.000 вработени.

„Со нашата планирана програма за трансформација, ние сè повеќе ги пренасочуваме инвестициите во области за стратешки раст, првенствено вештачка интелигенција“, рече тогаш извршниот директор на SAP, Кристијан Клајн, додавајќи: „Ова ќе ни овозможи да продолжиме да развиваме пионерски иновации додека ја подобруваме ефикасноста на нашите деловни процеси“.
Од друга страна, Ново Нордиск изгуби околу половина од својата пазарна вредност од рекордното високо ниво во јуни, кога разви терапија за слабеење.
На глобалниот пазар на капитал доминираат американски компании. Консултантската компанија EY наведува дека само три германски компании се во првите 100 во светот: SAP, Siemens и Deutsche Telecom.
Меѓу првите 100 има 62 американски компании.