„Ова е сликата што Русите сакаат да се види, погледнете кој каде седеше на преговорите во Ријад“

Фотографијата на високи американски и руски функционери во Ријад е глетка која, со оглед на сегашниот контекст, е тешко да се замисли – и уште потешко да се прифати за многумина, особено за Украинците, наведува Би-Би-Си во својата анализа за првата средба меѓу руски и американски претставници во Саудиска Арабија. 

Како што пренесува Би-Би-Си, токму оваа слика сака да му ја испрати Москва на светот: Русија на „главната маса“ на светската дипломатија, рамо до рамо со САД, како рамноправен играч, па дури и како земја што ги диктира условите. 

„Ова не е поразена Русија принудена на преговори“, пишува Би-Би-Си во својата анализа, „туку сцена во која САД го покануваат агресорот да ги претстави своите услови“. 

Еден од руските функционери на таа маса, долгогодишниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, останува под санкции на САД поради неговата улога во војната, која целосно ја поддржува, потсетува Би-Би-Си.Соединетите Американски Држави тврдат дека овие разговори се само за да се процени колку е сериозна Москва за евентуално ставање крај на инвазијата. 

Сепак, според Би-Би-Си, Русија ќе ја користи оваа слика – на руски и американски функционери околу преговарачката маса во Саудиска Арабија – како доказ дека војната во Украина и меѓународната изолација на Москва што следуваа беа само привремени нарушувања и дека наскоро сè ќе се врати во нормала.

Зачлени се на нашиот е-билтен