Ова се најубавите европски дестинации за 2025 година – според мислењето на повеќе од милион патници

Дали барате романтично или културно патување за викенд? Организацијата European Best Destinations го претстави изборот на 20 најдобри европски дестинации за 2025 година, врз основа на гласовите на 1,2 милиони патници од 158 земји.

На прво место се најде Монако, кој ги маѓепсува посетителите со својата автентичност, богата култура и неверојатни панорами. Ова е вистинско изненадување бидејќи последен пат франкофонски град се најде на врвот на листата во 2015 година, кога тоа беше Бордо.

На второ место се најде главниот град на Летонија – Рига, додека третото место го зазеде Дубровник, заедно со малото гратче Цавтат, на југот на Хрватска.

Се истакна и Грција со островот Антипаксос на 10-то место и островот Фолегандрос на 13-то место. Португалија е присутна со два града: Олхао е на 7 место и Лисабон на 9 место.

Триумф на југот
Франција е во центарот на вниманието благодарение на неколкуте локации на Азурниот брег кои ги вбројуваат првите 20. На 15-то место е Езе, мало гратче со спектакуларен поглед на тиркизното Средоземно Море. На 18-то место е пристанишниот град Касис, кој ги маѓепсува похрабрите меѓу нас со своите стрмни карпи Soubeyranes, кои достигнуваат височина и до 394 метри.

Подолу, откријте ги најдобрите 20 европски дестинации за 2025 година!

Монако

Рига, Латвија

Дубровник и Цавтат, Хрватска

Мадрид, Шпанија

Намур, Белгија

Амстердам, Холандија

Олао, Португалија

Островот Мљет, Хрватска

Лисабон, Португалија

Антипаксос, Грција

Дерми, Албанија

Бат, Велика Британија

Фолегандрос, Грција

Истанбул, Турција

Езе, Франција

Аскона, Швајцарија

Алесунд, Норвешка

Касис, Франција

Севиља, Шпанија

Порто Црна Гора

Зачлени се на нашиот е-билтен