Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ова се последните зборови на пилотот на хеликоптерот до контролата на летање пред да се судри со авионот над Вашингтон


Патнички авион на Американ Ерлајнс со 60 патници се урна во Вашингтон по судир со воен хеликоптер Блек Хок, а потрагата по телата е во тек. Сега се појавија дополнителни детали за трагедијата.

Според последните информации, од реката се извлечени 19 тела.

Американските медиуми јавуваат дека патнички авион на Американ ерлајнс се урна во Вашингтон по судир со воен хеликоптер Блек Хок. Безбедносна камера го сними моментот на несреќата и експлозијата во близина на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон. Нуркачите моментално трагаат по преживеани во и околу реката Потомак. Патничкиот авион е два метри под вода и е преполовен, јавува NBC News, додека хеликоптерот наводно паднал на покривот.

АП пишува дека неколку минути пред планираното слетување на аеродромот, контролорите на летање го прашале екипажот на авионот дали може да слета на пократка писта. Пилотите одговориле потврдно, по што им било дозволено да слетаат на пистата 33. На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот. На крајот од снимката може да се слушне како пилотот вели: „Морам веднаш да слетам, а потоа дојде до несреќа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен