Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ова се сите 12 жртви на масовниот убиец од Цетиње: Ја убил сопствената сестра, целото семејстјво

Деветгодишниот Вукан и неговиот петгодишен брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното злосторство во Цетиње, извршено завчера од Ацо Мартиновиќ (45). Во крвавиот пир загинал и вујкото на момчето, Мирко Вулетиќ (45).

Ацо Мартиновиќ уби четворица членови на едно семејство – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ во куќата на роднина во Бајице. Во куќата на Мартиновиќ тешко е ранета и сопругата на Марко, Марија (38).

Меѓу жртвите се Радомир Марковиќ (70), Јошо Оташевиќ (55), Бранислав Мудреша (60), Драгана Драшковиќ (53) и сестрата на убиецот Зорица Вулетиќ.

Деталите од истрагата покажуваат дека тој убил четири лица во кафана, па потоа убил четиричлено семејство во куќата на Мартиновиќ во Бајице. После тоа убил две деца во населбата Хумчи, а потоа го продолжил делото во Доњи Краји каде ја убил својата сестра и уште едно лице.

Цело Цетиње ги оплакува своите најблиски, градот е излепен со умреници. Цетињани велат дека не можат да поверуваат оти убиецот влечел пиштол врз своите роднини.

„Да ја убие сестра му?! Еј, близнаците што му се далечни братучеди, братучеди. Нечуено. Луд, не знам ни како да го наречам! Не знам што ни се случува?! Се прашувам што сме му згрешиле на Господ што ни зема само добри луѓе“, коментираат очајни граѓани.

Сите имаат само пофални зборови за убиените близнаци Марко и Милош, истакнуваат дека биле примерни момци, олицетворение на добрината и чесноста.

„Марко се ожени пред пет години и има две мали деца. Убиецот ја ранил и сопругата Марија (38), таа е родум од Србија, ѝ била укажана помош во болница. Се молиме да биде добро“, плачејќи вели соговорничката и продолжи:

„Марко возеше автобус, како и Милош, нопред неколку години одлучи да плови. А возеше и камион. Вреден тип што се бореше за корка леб во туѓина. Милош дојде да биде со својот брат и семејството за празниците. Инаку, двајцата беа многу блиски. Тоа беше безусловна љубов, која некој ја скрши во миг. Не знам како да одам да им изразам сочувство на семејството, што да им кажам“?

Цетињани со грутка во грлото зборуваат за убиените момчиња, браќа од девет и 14 години.

Од убиените браќа се простија и други роднини, но и пријатели од училиште. Тие објавија свои фотографии.

„Засекогаш ќе останеш мој најдобар пријател. Ќе живееш! Ќе те паметам засекогаш – ова се само дел од пораките објавени со фотографиите на момчето. Инаку, постарото момче тренираше кошарка, а од него се прости и неговиот тренер. Тој објави слика од теренот и напиша: „Спиј мирно, морков наш, те сака твојот тренер“.

Список на убиените

x Милош Мартиновиќ (38)

x Марко Мартиновиќ (38)

x Радован Мартиновиќ (70)

x Радмила Мартиновиќ (63)

x Мирко Вулетиќ (45)

x Јован Вулетиќ (14)

x Вукан Вулетиќ (9)

x Зорица Вулетиќ

x Драгана Драшковиќ (52)

x Јошо Оташевиќ (55)

x Бранко Мудреша (60)

x Радивоје Марковиќ (70)


Според мештаните на Цетиње, Аца Мартиновиќ пред крвавиот пир во кафаната се скарал со Д.К. Набрзо се вратил вооружен.

„Кога се вратил, пукал во Д.К и тешко го ранил, а потоа А.М. Таму ги убил Мирко Вулетиќ, сопственикот на таверната и Бранислав Мудреша, таткото на А. М.“ – вели соговорникот на Курир, додавајќи дека ранетиот Д.К е во животна опасност.

Зачлени се на нашиот е-билтен