На својата веб-страница Truth Social, Доналд Трамп за шумските пожари во Лос Анџелес ги обвини Џо Бајден и Гевин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија.
„Овие пожари ако ги сведеме во долари би можеле да ги опишеме како најлоши во историјата на нашата земја“, напиша Трамп.
Тој додаде дека многумина со право се прашуваат дали осигурителните компании ќе имаат доволно пари да ја платат оваа катастрофа.
„Ова нека послужи како доказ за големата неспособност и лошо менаџирање на двоецот Бајден-Њускум… “, напиша Трамп.
Тој додаде дека околу илјада домови се уништени во населбата Пацифик Палисадес меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу. Ова е област во која живеат многу филмски и музички ѕвезди.
Пред да избие пожарот, државната метеоролошка служба издаде највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток.
Поради малата влажност и сувата вегетација, поради недостигот на дожд, условите биле идеални за ширење на пожарот.
Топлите ветрови, типични за зимата во Калифорнија, во среда би достигнале и до 160 километри на час, предупредија метеоролошките служби. Ова може дополнително да разгори пожари кои можат да биде смртоносни.
Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас зборуваше на Х и предупреди дека условите во градот дополнително ќе се влошат. Се очекува зголемување на ветровите.
Останете безбедни и внимавајте, се очекува да се влоши“, напиша таа.
Неколку училишта во и околу Лос Анџелес ќе бидат затворени поради пожар кој се шири со помош на силен ветер. Најавено е дека часовите ќе се одржуваат онлајн.
Училиштата во Санта Моника и Малибу се исто така затворени, а одлуката за тоа дали тие повторно ќе се отворат или ќе продолжат се уште се чека.