Македонската метропола, повторно е на листата на топ 10 најзагадени градови во светот. Швајцарската платформа IQ Air покажа дека Скопје е на високото 7 место на градови чии граѓани дишат загаден воздух. Денеска ситуацијата не е подобра ниту во Тетово, Куманово и Велес.
Дека не е така само овој ден туку, повеќе денови во годината, покажуваат последните информациите на УНИЦЕФ кои посочуваат дека скопјани, тетовчани, кумановчани и велешани, речиси 100 денови во годината дишат загаден воздух. Поради алармантноста УНИЦЕФ и Светска банка упатија предупредувања до владата и институциите, да преземат сериозни мерки бидејќи граѓаните на Македонија се во сериозна животно загрозувачка опасност од загадениот воздух.
УНИЦЕФ, предупреди дека раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето во текот на целиот живот. Од таму велат дека најновиот извештај покажал дека во Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година.
„Во документот за политики УНИЦЕФ посочува дека бебињата и малите деца се најизложени на ризик од смрт и лошо здравје поради загадениот воздух. Раната и честа изложеност на загаден воздух – почнувајќи уште од матката – води кон смалување и реструктурирање на белите дробови и го зголемува ризикот од пневмонија, инфекции на горниот респираторен тракт, инфекции на увото, астма и алергии. Дишењето загаден воздух може да предизвика воспаление на мозокот, да го попречи растот и да влијае врз когнитивниот развој, како и на училишниот успех“.
И од Светска банка, велат дека загадувањето на воздухот во земјава е на високо ниво и дека загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.
И двете организации и УНИЦЕФ и Светска банка, апелираа до македонската Влада, да посвети повеќе внимание и ресурси на борбата со аерозагадувањето, да ги поддржи енергетската ефикасност, пристапот до чиста енергија и подобрувањето на квалитетот на воздухот, и да ги заштитат бремените жени и децата од загаден воздух.
Сепак, наспроти, сериозните предупредувања на УНИЦЕФ и Светска банка, во Буџетот за 2025 година, Владата ги скрати средствата за борба против загадениот воздух.
Од СДСМ, обвинија дека во предложениот Буџет за оваа година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетската трансформација која е неопходна за намалување назагадувањето нема предвидено ништо. Од таму велат дека сите ветувања на Мицскоски за чист воздух „паднале во вода“.
„Кога беше во опзиција, Христијан Мицкоски, ветуваше дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра инвестиции за критиките да се исчисти воздух и да се промени на загадувањето за 50%. Во програмата на ДПМНЕ со којашто ја доби довербата обезбедувањето на чист воздух беше приоритет. Се покажа дека овие ветувања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага. Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето“, велат во СДСМ.
Од друга страна пак, од СДСМ, велат дека во нивниот мандат ‘се започнати сите стратешки инвестиции во гасификацијата, како и со когенеративната централа со која ДПМНЕ денеска се фали’. Исто така тие упатуваат и на тоа дека проектот за брзиот автобуски транспорт кој требаше двојно да го намалува времето на патување, а со тоа и загадувањето, беше блокиран во Собранието, од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој проект предвидуваше Градот Скопје да се придружи на друштвото од успешни градови со брз рапид транзит БРТ коридори. Проектот кој е во рамките на ЕБРД, е заведен и како зелен проект кој се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, што претаставува верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот.
Од опозициската СДСМ нагласуваат дека борбата со загадувањето е процес, но дека ДПМНЕ не прави ништо за тоа и дека ‘Политиките се гледаат во буџетот’.
„Во Буџетот за 2025 нема пари за борба против загадувањето. Кога беше во позицијата Христијан Мицкоски ветуваше дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух со што загадувањето треба да се намали за 50%. Во програмата на ДПМНЕ којашто ја доби довербата од довербата е дека меѓу приоритетите ќе биде обезбедување на чист воздух за сите. Се покажа дека овие ветувања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага. Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето“, велат во СДСМ.
Неодмана премиерот Христијан Мицкоски најави дека странски инвеститори покажале интерес за изградба на нова когенеративна централа во Македонија. Според него, разговорите се веќе започнати со инвеститор кој е подготвен да вложи 1 милијарда евра.
„Работиме на тоа да се изградат когенеративни централи што ќе произведуваат електрична енергија и гас затоплување на неколку локации, со што ќе се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови низ државата“, рече Мицкоски.
Во светски рамки, полош воздух дишат жителите на Сараево, Лахоре, Делхи, Калкута, Техеран…На македонски терен, пак, загрижувачка е загаденоста и во други градови како што се Струмица, Кавадарци, Велес, Битола.