„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан кога за време на Денот на албанскот знаме беше освернавено македонското државно знаме.
Во текот на вчерашниот ден целосно се расветлени повеќе случаи, во еден дел само делумо, а полицијата ќе продолжи да постапува и денеска.
„Вчера вечер се уапсени осум лица од кои четворица поради сторен прекршок учество во тепачка, а другите четворица се уапсени затоа што имеме основано сомнение дека сториле кривично дело предизвикување национална расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост за што е предвидена минимална казна од една година затвор, рече Тошкоски.
Инаки според зборовите на министерот станува збор за млади лица од 18 и 20 години, а еден е и малолетник.
„Сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме“, предупреди Тошкоски.