Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје денеска организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“.
Како што е најавено, ќе учествуваат претставници од УНФПА, Владата, од невладиниот и од приватниот сектор, работодавачи, синдикати, со цел зацврстување на дијалогот за родово одговорните семејни политики.
-Преку информирање на приватниот сектор за предностите на овие политики, застапување за потребните законски измени и зголемување на капацитетот на Владата за дизајнирање и спроведување на родово одговорни семејни политики во насока на искористување на демографскиот потенцијал во државата, соопшти организаторот.
Настанот се одржува во рамки на регионалната програма „Проширување на изборот: Родово одговорни семејни политики за приватниот сектор во Западен Балкан – Фаза 2”, финансирана од Австриската агенција за развој, а се спроведува во соработка со Здружението Конект.