Панел дискусија на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“

Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии во рамки на активности за Одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, денеска организираат панел дискусија на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“.

На панел дискусијата, како што најавуваат организаторите, се предвидува учество на високи претставници од земјата и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти и други релевантни чинители.

-На настанот воведни обраќања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието, проф. д-р Норберт Ламерт, претседател на Фондацијата Конрад Аденауер / 12-ти претседател на германскиот Бундестаг (2005-2017) и Микулаш Ѕуринда, претседател на Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс / поранешен премиер на Словачка (1998 – 2006), велат организаторите.

Оттаму најавуваат дека во рамки на панел дискусијата ќе се обратат и Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во државава, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во државава, Марија Петрушевскa, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу, пратеничка од ВЛЕН, како и Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП. 

Настанот ќе го отворат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Милева Ѓуровска, претседателка на Европско движење и Катерина Јакимовска, виш Офицер за проекти, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс (ВМЦЕС). 

Во рамки на овој настан плакетата за Европска личност на годината за 2024 година ќе и биде доделена на Рисима Рисимкин, македонска балерина, кореограф, уметник и универзитетски професор.

Зачлени се на нашиот е-билтен