Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Патник починал за време на летот од Њујорк до Белград

Еден патник починал за време на летот од Њујорк до Белград. Според медиумите во Сртбија, станува збор за маж кој починал од природна смрт, а се претпоставува дека причина е срцето.

Откако авионот слетал на аеродромот „Никола Тесла“, веднаш била известена полицијата, а за време на летот, а еден час пред слетувањето, за несреќата биле известени итните служби.

По слетувањето, таа можела само да ја констатира смртта на патникот.

Авионот на „Ер Србија“ од Њујорк денеска околу 11 часот слета во Белград, а веднаш по слетувањето биле известени сите надлежни органи за ненадејната смрт на патникот, потврдија за медиумите надлежните од авиокомпанијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен