Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петрушевски како обвинител: Груби е криминалец, а во СДСМ има криминалци кои нема да се спасат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска повторно побара СДСМ да се извини што со години го толерирале и не го процесуирале криминалот на Артан Груби.

Нема амнестија за СДСМ во случајот Груби, од првиот ден знаеле што прави, додаде тој, не наведувајќи на што мисли и од каде му се доказите за тоа.

–  СДСМ доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини што го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле. Всушност, заради вакви како Груби и многу други од нивните редови, СДСМ и ДУИ ги протуркаа измените во Кривичниот законик. Спасија голем број криминалци, но очигледно, за среќа на државата и сите нас, не можеле да ги спасат сите – рече пратеникот.

Од СДСМ засега нема реакција на обвинувањата на Петрушевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен