Пивоваров: Знаеме ли што е рација а што истражно дејство, во изминатите девет месеци во „Пулс“ биле организирани 26 јавни настапи, како полицијата немала сознанија за тоа?

Професорот Владимир Пивоваров смета дека во трагичнит настан во Кочани, највечатливо е однесувањето на Министерството за внатрешни работи. Додава дека корупцијате е основа на се што ни се случува, при што за нејзино сузбивање доцниме една светлосна година, а проблемите што ни се сллучуваат секојдневно сите ги знаеме.

„Медиумите објавија дека во претходните девет месеци се организирани 26 јавни настапи, тоа значи дека полицијата имала сознанија за овие забави. Само врз основа на тоа полицијата требало да реагира многу порано во однос на самиот клуб. Точно е кога велат дека настанот не бил пријавен настанот, но како да го пријават кога таму се било илегално, од градежна дозвола до сите останати технички услови кои треба еден таков објект да ги исполнува. Она што го слушнавме од обвинителот, е дека и тие врати што ги имало, биле затворени, вели Пивоваров за ЦИВИЛ Медиа.

Според Пивоваров нејасни се и изјавите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Нејасно е следново, во една изјава министерот Тошковски, кажа дека се спроведувало рација, во друга изјава кажа дека се спроведувало оперативна акција. Тоа се две различни работи. Зошто ова го потенцирам. Затоа што ако имате рација, рација е истражно дејствие и наредба за такво нешто дава обвинителот. Ако било рација, тогаш каква рација била спроведувана во нелегален објект, кога тој треба да биде затворен. Рација се спроведува во легален објект, односно се прави проценка од надлежните старешини во органот на чие подрачје се наоѓа овој објект, а тоа е ОВР Кочани, значи се прави анализа на ризик. Колку лица се собираат на тоа место, колкав е ризикот од внесување на алкохол, наркотични супстанци. Се ова се оперативни анализи, според кои се изработува план за работа. при што секој полициски слиужбеник добива конкретна задача за кој поднесува извештај“, вели Пивоваров.

Според Пивоваров, доколу бил спроведен закоконот, ќе немало ваква забава, и ќе немаше вакви страшни последици, по животите на младите луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен